Општина Центар Жупа

Со својата поставеност општина Центар Жупа сместена е во Југозападниот дел на Р. Македонија, лоцирана помеѓу планината стогово и езерната долина на реката Црни Дрим и Дебарското езеро. Се простира на површина од 111 км². Во општината се разместени 21 населено место од кои 4 села се наполно иселени. Центарот на општината е ново формираната населба Центар Жупа. Според националната структура населението е со мешан етнички состав, кој на оваа подрачје сплотено живеаат турско, македонско и албанско население. Центар Жупа е простор со милениумско постоење низ кој водел познатиот правц Виа Игнација.

Овие простори посебно населеното место Коџаџик, благодарение на својата геостратешка положба имало значајно улога во средниот век и османлискиот период.

Од овие простори се корените на големиот реформатор на современа Турција. Во селото Коџаџик во Ташли Мало се родил и живел таткото на Мустафа Ќемал Ататурк.

Центар Жупа се карактеризира со голем број на природни богатства. Посбно се издвојува планинскиот масив на Строгово со својот локалитет Бабин Срт кој се наоѓа на надморска висина од 2070 м. На овој локалитет се откријени многубројни фрагменти од фаунистички елементи кои се индикатор за медитеранско биогеографски регион што преставува поснбен споменик на природата. Вкупно обработлива површина зафаќа од 6520 ха, од која на обработливо земјиште отпаѓаат 15.5 %, пасишта 51.4 %, додека на шуми 33.1 %. Од земјоделските култури најзастапени се пченицата, јачменот и пченката. Шумскиот фонд е значаен фактор за развој на стопанството, а пасиштата се услов за развој на сточарството кое има традиција со векови.

Активни села се: Центар Жупа, Коџаџик, Новак, Елевци, Долгаш, Бајрамовци, Оџовци, Горенци, Броштица, Горно и Долно Мелничани, Црно Боци и Вапа.   

Социјална заштита: Во општината нема центар за социјална работа. Најалармантен социјален проблем во општината е невработеноста, но и малолетната деликвенција.

Образование:

О.У. “Неџати Зекерија„ – Коџацик

О.У. “Моше Пијаде„ – Центар Жупа 

Културно Наследство:

Територијата на осум села од општината преставува локација на триесеттина археолошки наоѓалипта, чија хронологија се движи од железното време до доцно средновековната епоха. Долната хронолошка граница ја преставува тумулот од железно време во близина на селото Коџаџик, а горната средновековните насецелби и некрополи во селата Брештани, Броштица, Голем и Мал Папрадник, Елевци и Житинени. Најатрактивниот археолошки локалитет го преставува Калето Коџаџик со солидно утврдена населба која егзистирала низ хеленистичкото и римското време како и османлискиот период.

Спорт:

Спортски клуб “Строгово„ 

Невладин Сектор:

Еколошко друштво “Строгово„.

Невладина организација “Коџатурк„.

Здружение на таксисти “Форд Компани„

 

 

                   

© 2005 - Opstina Centar Jupa
Web Master